Анџелина Џоли го прослави својот 46-ти роденден, а за таа пригода избрала жолт, лелеав, свилен фустан кој одлично ѝ прилега.
Во последно време актерката имавме можност да ја видиме во комбинации на црна облека, така што овој стајлинг е вистинско освежување. Не е ни чудо што доби комплименти, а модните критичари ја наградија со чиста десетка.
Жолтиот фустан го искомбинирала со чевли во боја на кожа, додека дека во раката држела чанта од модната куќа „Валентино“.
Како што рекла актерката, децата ѝ приредиле роденденско изненадување, тие организирале вечера во познатиот ресторан „ТАО“, по повод нејзиниот роденден.
На излегување од ресторанот, папараците ја фотографирале актерката и нејзините шест деца, а многумина забележале дека Анџелина едноставно блеска.
Овојпат, таа размислувала за секој детаљ, па дури и заштитната маска ја усогласила со фустанот.