Американец истепал полицаец во Скопје

580

Полициски службеници вчера во Скопје привеле две лица бидејќи при преглед кај нив биле пронајдени бела грутчеста материја и кафеава прашкаста материја, а при приведувањето биле нападнати полицајците.

„На 3 јуни 2021 во 17:20 часот на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.А.(34) од Скопје и Р.Е.В.(36) од САД затоа што при преглед кај нив биле пронајдени бела грутчеста материја и кафеава прашкаста материја. Тие биле приведени и притоа Р.Е.В. физички нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

Поврзани содржини