Мрме доби луксузен часовник од репрезентативците за неговиот роденден

Дечки Ви благодарам за честа и поклонот, но јас и сите навивачи на македонската фудбалска репрезентација од вас го добивме највредниот поклон EURO 2020 - вели селекторот.

442

Македонските репрезентативци вечерва приредија мало роденденско изненадување за селекторот Игор Ангеловски.

Селекторот својот 45 роденден го прослави заедно со своите избраници во хотелот „Хилтон“, како што самиот објави, добивајќи луксузен часовник „Tissot“ од фудбалерите.






– Дечки Ви благодарам за честа и поклонот, но јас и сите навивачи на македонската фудбалска репрезентација од вас го добивме највредниот поклон EURO 2020 – објави Ангеловски на социјалната мрежа Фејсбук.

Поврзани содржини