УНЕСКО го стави Охрид на црна листа поради дивоградбите, а Заев се фати за Груевски и Субрата Рој
Треба да си ги тргнеме од главата сите наши замисли за мегаломанството како што постоеше барем до 2017 година во времето на Никола Груевски, кога се повика Субрата Рој со големите мегаломански проекти, па се градеше се и сешто, се навлегуваше внатре во езерото, денеска сето тоа е минато“, додаде Заев.
Премиерот Зоран Заев вели дека извештајот на УНЕСКО за Охрид треба да ги замисли сите во општеството, а не само владата или локалната власт.
Тој вели дека биле преземни многу чекори откако експертската група на УНЕСКО којашто го подготви извештајот беше во Охрид во јануари 2020 година.
Тој додаде дека креирани се и посебни комитети со Албанија за координација и заштита на Охридското Езеро.
Тој додаде дека треба да се исфрлат од главите сите замисли за мегаломанство.
„Треба да си ги тргнеме од главата сите наши замисли за мегаломанство како што постоеше барем до 2017 година во времето на Никола Груевски, кога се повика Субрата Рој со големите мегаломански проекти, па се градеше се и сешто, се навлегуваше внатре во езерото, денеска сето тоа е минато“, додаде Заев.
Тој ја поздрави акцијата на отстранување на бесправните градби околу плажите од страна на Охрид, но жали што тоа сѐ уште не може да се направи во Струга и апелира до струшките локални власти да постапат на соодветен начин.