Рускиот амбасадор во Македонија не сака да го коментира протерувањето на дипломатот

По најавата од амбасадата дека Русија ќе возврати со реципрочни мерки не откривајќи какви, амбасадорот Бездникин тврди дека тоа нема да влијае на пратката од 200.000 вакцини Спутник кои треба да пристигнат во земјава. 

458

Рускиот амбасадорот Сергеј Бездникин не сака да коментира поради кои причини МНР му врачи нота за протерување на рускиот дипломат. Тој за Сител вели дека одговорот лежи на другата страна и објаснува дека тие не се повикани да даваат објаснување туку македонското МНР.

По најавата од амбасадата дека Русија ќе возврати со реципрочни мерки не откривајќи какви, амбасадорот Бездникин тврди дека тоа нема да влијае на пратката од 200.000 вакцини Спутник кои треба да пристигнат во земјава.






Од Москва потврдуваат дека подготвуваат одговор за Македонија и потегот го сметаат за несоодветен во диполоматските односи. Сергеј Цеков член на Комитетот за меѓународни работи на Советот на Руската федерација во интервју за Раша Тудеј истакна дека Скопје не ги цени односите со Русија а протерувањето дипломати од некаков вид солидарност го смета за чуден феномен во дипломатијата.

Поврзани содржини