Филипче: Опозицијата сама се фати во лага во врска со вакцините

Министерот истакна дека опозицијата сама се фатила во лага и константно се служи со лажни вести.

469

На денешната прес-конференција, министерот Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање ги коментираше изјавите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за наводна уплата милионска на фантомска фирма во Хонг Конг за набавка на вакцини.

Тој истакна дека опозицијата сама се фатила во лага и константно се служи со лажни вести.






– Опозицијата сама се фати во лага. Прво обвинуваа за уплата од 12 милиони евра. Јас јавно кажав за начинот на кој се обидувавме да стигнеме до вакцина. Тие пари беа уплатени, па вратени во буџетот, а вчера констатираа дека сето тоа е објавено на јавни финансии. Таму се докментите и не е ништо скришно или сомнително. Ваквите клевети не се соодветни, не одат во насока на ништо конструктивно. Сакаат да го поткопаат нашиоте легитимет пред Кина и меѓународните фактори. И овој процес кој го тераат во последно време како политичка агенда
го темелат на ширење на лажни вести – рече Филипче.

Поврзани содржини