Момче од Албанија паднало од балкон од прв кат во Кичево
Во врска со настанот на разговор во полициската станица Кичево биле повикани уште две лица од Албанија кои биле со М.К. во куќата, како и сопственикот на куќата.
М.К.(26) од Република Албанија, кој престојувал во Кичево рано утрото паднал од првиот кат и се здобил со повреди, соопшти МВР.
Полицијата информира дека случајот го пријавил сопственикот на куќата И.В.(57) кој изјавил дека од балкон на првиот кат од неговата куќа на улица 11 Септември во Кичево паднал М.К.(26) од Република Албанија.
Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
Во врска со настанот на разговор во полициската станица Кичево биле повикани уште две лица од Албанија кои биле со М.К. во куќата, како и сопственикот на куќата.