Велигденска донација од 1 тон млеко од Бимилк за СОС Детско село

283

Велигденска донација на Битолска млекара за СОС Детско село. Во следните месеци вкупно 1 тон чоколадно млеко збогатено со 10 витамини ќе биде дел од трпезите на сејмените куќи во организацијата, велат од Битолска млекара.

При доставата на донацијата, што се реализира во склоп со мерките за претпазливост поради пандемијата со ковид, и повторно во духот на претстојниот празник, за децата од СОС Детско село беа донесени и црвени велигденски јајца.






Битолска млекара преку честите донации во опрема и производи за СОС Детско село се докажува како посветен поддржувач на заложбите на глобалната хуманитарна организација за згрижување и обезбедување топол дом за секое дете.

 

Поврзани содржини