Беќаровски: Замислете утре 20.000 скафандери да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица

Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина, вели д-р Нико Беќаровски.

3,642

Д-р Нико Беќаровски реагира на денешното појавување на пратеници позитивни на ковид-19 со скафандери во Собрание.

„Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина. Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина. Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица“, напиша д-р Беќаровски на својот профил на Фејсбук.

 

Поврзани содржини