Почина актерот Пол Ритер, sвездата на „Хари Потер“ и „Чернобил“

1,120

Актерот Пол Ритер, најпознат по улогата во филмот за Хари Потер, почина на 54 години од тумор на мозок, пренесуваат светските медиуми.

Ритер починал во понеделникот и покрај него биле сопругата Поли и синовите Френк и Ноа.






– Почина мирно дома, опкружен со сопругата Поли и синовите Френк и Ноа покрај него. Имаше 54 години и страдаше од тумор на мозокот. Пол беше исклучително талентиран актер. Беше многу интелигентен, љубезен и многу смешен. Многу ќе ни недостасува – се наведува во соопштението за печатот.

Пол Ритер глумеше во филмовите Хари Потер, ја отелотвори улогата на противникот на Џејмс Бонд во филмот „Зрно на утеха“, и во британската комедија „Вечера во петок“.

Ритер е познат и по улогата на Анатолиј Џатлов во серијата „Чернобил“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul Bates (@bates_82)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини