Славниот актер тврди дека тој е нулта пациентот со ковид-19 од кого почнало сѐ

1,597

Британскиот актер Бенедикт Камбербач верува дека би можел да биде нулта пациентот на почетокот на избивањето на пандемијата на коронавирусот.

Актерот, номиниран за Оскар, поподробно ја проучувал мистериозната болест од која заболел лани.






Откако ги анализирал симптомите што ги имал, тој сега верува дека бил еден од првите заразени со ковид-19.

– Бев неверојатно болен – откри Камбербач за „Индипендент“.

Откако ги прочитал првите извештаи за пандемијата, 44-годишниот актер изразил загриженост дека можел да придонесе за ширењето на пандемијата.

– Размислував, Боже, дали, всушност, бев нулта пациентот? – изјавил тој за „Индипендент“.

Актерот роден во Лондон, на крајот на 2019 година отпатувал во Кејптаун во Јужна Африка за да го сними филмот „Мавританецот“, кога се заразил со коронавирусот.

– Бев многу болен, речиси добив пневмонија – опишал тој, велејќи дека и покрај тоа што бил болен, го завршил филмот „повраќајќи меѓу кадрите“.

 

 

Поврзани содржини