Оштетени се лозја и овошни насади во пожарот кај Росоман

286

Оштетени се лозја и овошни насади во пожарот меѓу росоманските села Рибарци и Паликура, за МИА потврдуваат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

– Горат трски и сува трева. На лице место интервенираме пет пожарникари со две противпожарни возила. Според првичните согледувања, пожарот е предизвикан од невнимателност при горење на лозови прачки, кои останале како отпад по резидбата на виновите лози. Затоа апелираме на внимателност при горење на отпадот кај нивите – велат од Противпожарната единица.






Оттаму нагласуваат дека даваат се од себе за да го локализираат пожарот.

Поврзани содржини