Царе Манчева: Во средината кадешто израснав обично сметаа дека сум чудна, а можеби и луда
Нашата нова познаничка, прекрасна жена со нарушување од аутистичниот спектар, магистрирала токму на темата ’Социјална прифатеност од врсниците и училишните постигнувања на учениците со АДХД во основните училишта во општина Кочани, нејзиниот роден град. Сега работи со деца со посебни потреби, а во септември минатата година, го изговорила и судбоносното ДА. Таа е жив доказ дека не постојат пречки што не можат да се совладаат
Денеска е светски ден на свесноста за аутизмот – ден посветен на информирање и активизам за аутизмот кој се одбележува од 2008 година. Воведен е со одлука на Генералното собрание на ООН. Некако сѐ уште кога се зборува за аутизам, сите мислат на аутистични деца. Годинава, сакавме овој ден да ѝ го посветиме на една возрасна личност со нарушување од аутистичен спектар. Нашата соговорничка е 35-годишната Царе Манчева.
Оваа убава жена е родена во 1986 година, значи, период кога во Македонија речиси никој од докторите и дефектолозите не го спомнувал зборот аутизам.
Прочитајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.