Мицевски: Очекувам разумност на денешната седница

Според него Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да соберат Бадентерово мнозинство за да го блокираат законот, и посочи дека исходот од седницата ќе се види во текот на денот.

256

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска во Собранието изјави дека очекува да има разумност во целиот процес во однос на денешната седница за одложување на пописот.

– Нивно право е дали ќе поднесат амандмани, но јас очекувам да има разумност во целиот процес затоа што и Алијанса и Алтернатива како опозиција и ВМРО-ДПМНЕ повикуваше на одлагање на пописот имајќи ја предвид епидемиолошката состојба во државата и зголемениот број заразени и починати лица. Како и што ќе се случува на седницата ќе видиме на самата седница и доколку се закаже почеток на комисиска работа на седницата ќе видиме со што ќе истапат Алијанса и Алтернатива – рече Мицевски.






Според него Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да соберат Бадентерово мнозинство за да го блокираат законот, и посочи дека исходот од седницата ќе се види во текот на денот.

 

Поврзани содржини