Владата ги утврди предлог-измените на Законот за попис

Една од измените што се предлагаат е продолжување на процесот на самопопишување на граѓаните од дијаспората до крајот на одржувањето на пописот во септември, се додава во соопштението.

243

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година.

Како што соопшти владината прес-служба, до Собранието ќе биде доставен Предлог-закон со внесени измени и дополнувања со кои се одлага пописот за септември 2021 година, односно дека се врши менување на датумите за спроведување на Пописот и дека тој ќе се спроведе во септември оваа година.






– Една од измените што се предлагаат е продолжување на процесот на самопопишување на граѓаните од дијаспората до крајот на одржувањето на пописот во септември, се додава во соопштението.

Поврзани содржини