Српскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ изјави дека според бројот на новозаболени на дневна основа, како и процентот на заразени од бројот на тестирани, Србија во моментов е во „црна“ зона.
Тој потсети дека со денови, бројот на нови случаи на инфекција е околу 5.000, а процентот на заразени е околу 35 отсто.
– Ние сме во црната зона, ако земете процент на новозаразени ситуации, тоа е драматично, но за Ѓурѓовден не презедовме правилни мерки – изјави Радовановиќ за телевизијата N1.
По повод најавите за ублажување на мерките, тој рече дека Србија во моментов има поблаги епидемиолошки мерки од остатокот од Европа и оцени дека би било „апсурдно“ дополнително да се ублажуваат во ситуација која е „полоша отколку во другите земји “.
Радовановиќ го поздрави фактот дека на граѓаните на соседни земји им било овозможено вакцинирање во Србија, но додаде и дека тоа мора да се направи епидемиолошки безбедно, јави Бета