Реакција од Кабинетот на Пендаровски: Претседателот не ги познава лицата со коишто е фотографиран

Претседателот Пендаровски, за време на изборната кампања на претседателските избори во 2019 година посети населени места на целата територија на државата, при што се фотографираше со сите граѓани што тоа ќе го побараа од него, реагираше Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

2,354

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија остро реагира на наводите изнесени на денешната прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, на која се инсинуира наводна поврзаност на претседателот Стево Пендаровски со лица вмешани во случајот „Планина“, наведено е во соопштението.

„Претседателот Пендаровски, за време на изборната кампања на претседателските избори во 2019 година посети населени места на целата територија на државата, при што се фотографираше со сите граѓани што тоа ќе го побараа од него. Претседателот Пендаровски лично не се познава со лицата од посочената фотографија. Како што може да се види, претседателот не е седнат во друштво на посочените лица, туку е фотографиран стоејќи, на нивно барање. Поради тоа, Кабинетот на Претседателот отфрла било каква поврзаност на претседателот Пендаровски со лицата вклучени во случајот“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини