Заев: Испишуваме историја со највисоко ниво на внатрепартиска демократија
Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ - порачува Заев.
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на својот „Фејсбук“ профил објавува дека денеска првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија, токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни, внатрепартиски избори.
– Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ – порачува Заев во својот статус на „Фејсбук“.