Финците најсреќни во светот, Македонците на 94 место се најнесреќни од поранешна Југославија
Од државите од поранешна Југославија најсреќни се Словенците кои се на 29 место, Косово на 33, Србија на 48,, Хрватска на 60, Босна и Херцеговина на 64, Црна Гора на 72 и најнесреќни се Македонците на 94 место.
Финска и покрај пандемијата на коронавирусот, го одбрани името за најсреќна држава во светот и е на прво место на скалата на Обединетите нации четврта година по ред, додека Македонија е на 94 место и е најнесреќна од поранешните југословенски држави. Лстанува збор за листа на 149 земји.
Финците настојувале да ја ускладат политиката со општото чувство за благосостојба, наведуваат авторите.
Скалата на среќа се темели на статистички податоци на истражувањето на Галуп за тоа колку самите граѓани се чувствуваат среќни.
Индексот на среќа се темели на факторите како што се БДП по глава на жител, очекуван животен век на граѓаните, слобода, перцепција за корупција во владата и стопанските субјекти.
Вообичаено на врвот на скалата се земјите од европскиот север, па по Финска следат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург и Нов Зеланд, а на 10 место е Австрија.
Од државите од поранешна Југославија најсреќни се Словенците кои се на 29 место, Косово на 33, Србија на 48,, Хрватска на 60, Босна и Херцеговина на 64, Црна Гора на 72 и најнесреќни се Македонците на 94 место.
САД се на 20 место, Русија е на 77, Кина 85, а Индија на 140 место.
На дното на скалата од 149 држави опфатени со статистиката се Руанда, Зимбабве, и Авганистан.
Извештајот е направен во пресрет на утрешниот Светски ден на среќата.