По објавувањето на веста за разводот на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и раперот Канје Вест, канадскиот рапер Дрејк стана главен нејзин додворувач со цел да ѝ го освои срцето.
Дрејк ѝ „фрлил око“ на Ким, при што, извор тврди дека раперот се надева на можна романса со старлетата штом таа официјално ќе се разведе од Канје Вест, со кого има четири деца.
– На Дрејк никогаш не му беше јасно што виде Ким во Канје. Со години зборуваше дека тој не е за неа и дека Ким ќе заврши со солзи – изјавил изворот, додавајќи дека Дрејк почнал да ѝ испраќа пораки на Ким веднаш штом слушнал дека таа поднела барање за развод во февруари.
– Дрејк е подготвен да се сретне со Ким штом таа тоа го посака и тој е убеден дека тоа ќе се случи наскоро – тврди извор близок на раперот.
Дрејк и Канје веќе имаа вербални судири во јавноста, а тие беа претежно поврзани со Ким.
Фановите веруваат дека Дрејк во неколку свои песни алудирал дека имал сексуални односи со Ким, а на Канје не му се допаѓало тоа што тој никогаш не го негирал тоа.
.
Се зборува дека Големиот хит на Дрејк „Kiki, Do You Love Me“ се однесува токму на Ким, која го има прекарот Кики.
Самиот Канје го прозва пред две години Дрејк во врска со оваа песна и алудирањето дека имал врска со неговата сопруга Ким, велејќи му дека ако „Дрејк со оженел со Ријана, тој никогаш не би напишал песна Рири“. Инаку, Дрејк и Ријана беа во врска пред неколку години.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм