Функционери на СДСМ повикани во полиција да објаснат како во живо го гледале натпреварот Македонија – Данска
Пратеникот Дарко Каевски, градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, неговиот брат, директорот на затворот во Шутка Андонов и директорот на зоолошка Галетановски денеска биле повикани во полициската станица Карпош да одговорат кој ги пуштил во спортската сала и кој друг бил присутен таму, јавува телевизијата Телма.
Со своето физичко присуство на натпреварот ги прекршиле здравствените ковид-протоколи, а први во полициската станица Карпош се појавија директорите.
Според протоколите за одржување спортски настани, во салата не смее да има публика, а функционерите не само што беа во салата туку и се пофалија објавувајќи слика на социјалните мрежи.