Полицискиот час нема да важи за патниците кои доаѓаат или заминуваат од аеродромот

503

Одлуката за забрана за движење од 22 часот до 5 часот не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници, вели владиниот портпарол Душко Арсовски.

Тој информира и за заклучокот на Владата, дека оние граѓани и економските оператори кои имаат дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана за движење ќе треба само да им ја  обноват важноста.






За тоа ќе биде надлежно Министерството за информатичко општество и администрација, кое е задолжено да објави соопштение со кое ќе ги известува граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи.

Министерството за информатичко општество и администрација ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и за оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање.

Арсовски информира дека отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење, Оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини