Само неколку часа по објавувањето на експлозивното интервју на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри, на социјалните мрежи, се појави фотографија од Меган и Хари во семеен амбиент.
Фотографот Мисан Хариман, близок пријател на парот, објави досега невидена фотографија од нивната градина во Лос Анџелес. На црно-бела фотографија се гледа како Хари ја прегрнува бремената Меган, додека таа во рацете го држи нивниот син Арчи. Инаку, Хариман ја сними и фотографијата со која Меган објави дека е повторно бремена.
„Колку прекрасна вест на Меѓународниот ден на жената. Ви честитам, пријатели и Хари, добредојдовте во клубот на татковци на девојчиња“, напишал фотографот во описот на емотивната глетка што многумина сега ја споделуваат на социјалните мрежи.
За потсетување, парот откри во интервјуто со Опра Винфри дека очекуваат девојче кое треба да се роди ова лето.
Првото големо интервју по напуштањето на кралските должности
Неделното интервју беше првото големо интервју на двојката откако се преселија од Велика Британија и ги напуштија кралските должности. Меган призна дека се соочила со самоубиствени мисли за време на нејзината бременост, а Хари рече дека неговиот татко, принцот Чарлс го изневерил.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм