Се треси земјата, иди Мицкоски со мнозинството!
Да беше од Бугарија земјотресот сега ќе требаше да се преправаме дека не се случил.
“Кога ќе соберам 65 пратеници ќе го покажам мнозинството” – Мицкоски.
Ај ќе те чекаме до 124 да собериш, не се брзај.
***
Ќе дремнам малку, ако стани Мицкоски премиер, ѕвонете.
***
Заев, сине, се заебававме само. Немој одма да проверваш дали те сакаат, не си земај толку при срце.
***
Заев доби доверба и понатаму да им ѕвони на Синофарм.
***
“Обезбедени се над 2 милиони вакцини, секој ден вртиме на телефоните за информација околу испораката” – Заев
Којзнае со кој зборува на телефон и во која земја ќе стигнат вакцините…
***
Гуд морнинг мистер Синофарм, мистер Заев хир…
*тит тит тит
***
Спиете? Ако спијте, ко ќе дојди сметката за телефон шо има вртено Заев, ќе се чудите…
***
Добив доверба од баба ми да и сварам кафе, кој сака нека честита.
***
“Ние имаме 2,5 милиони вакцини” – Заев.
Веќе не е прашање на доверба, туку на деловна способност.
***
Ако нема Лидл во Занзибар, џабе фрлате пари…
***
Почнавме да кашламе дома, да мислат комшиите имаме пари, Занзибар сме биле…
***
Да беше од Бугарија земјотресот, сега ќе требаше да се преправаме дека не се случил.
***
Можи не е земјотрес, само идат 2.133.000 вакцини, па земјата не крепи толку.
***
Македонија се задолжи 700 милиони евра”
Во некои не така дамнешни времиња имаше веб бројчаник за задолжување во живо, па внуците ни ги задолжуваа… Сега всичко е добре.
(ФБ статуси на авторот)