Акцискиов план на владава за борба против корупцијата, покрај останатото, ме потсети и на следнава приказна:
Помеѓу двете светски војни, во Германија, некој професор по етика постојано ги подучувал студентите како да се изградат себеси како морални личности.
Арно ама, професорот неколку пати бил обвинет за земање мито од студентите, а имал и неколку вонбрачни деца.
И на едно од предавањата, еден студент се охрабрил и му го поставил на професорот следното прашање: „Професоре, вие нас нė учите да бидеме високо морални личности, но дали вие живеете врз основа на тие принципи?“
Професорот ги повикал своите колеги и колешки да дојдат до прозорецот и им го дал следниот одговор:
„Погледнете го, колеги, оној патоказ на кој пишува – Берлин. Патоказот не значи дека Берлин е овде. Берлин е на 200 километри од тука. Патоказот ви го покажува патот по кој вие ќе стигнете до Берлин. Со други зборови, продолжил професорот, тоа што јас ви предавам етика воопшто не значи дека сум човек со високи морални квалитети. Мое е да ви го покажам патот до моралноста, а што ќе изберете вие е ваш проблем“.
Ете така овие од владава нас нè учат како ние да бидеме чесни. А какви се тие, и колку се неморални, тоа е општо познато. Нивната премиса е јасна: “Тоа што му е дозволено на богот Јупитер, тоа не му е дозволено и на волот“.
(ФБ статус на авторот)