Скопјани направија спомен катче за Балашевиќ во центарот на градот
Фанови на еден од најомилените музичари и кантавтори на просторите на бивша Југославија, денеска пред „Пелистер“, во центарот на Скопје, направија спомен-катче за големиот Балашевиќ кадешто секој може да дојде да запали свеќа или да остави порака или цвеќе
Денеска, неколку скопјани, големи фанови на најсаканиот музичар во регионот, Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина вчера од компликации од ковид-19, направија малечко спомен-катче во негова чест.
Овие вљубеници во се она што значи името на Балашевиќ, велат дека идејата им била да го направат ова катче како место кадешто сите оние кои пораснале, созреале и остареле со оваа голема балканска ѕвезда ќе можат да дојдат и да му оддадат почест, да остават порака, цвеќе или да запалат свеќа.
Инаку, за вечерва фановите на Ѓорѓе Балашевиќ закажаа и средба пред Универзална сала за да оддадат последна почит на големата музичка легенда.