Има ли хрватски сој на ковид-19?

320

Во Хрватска се потврдени 11 случаи на британскиот сој на коронавирусот, но сомневањата се дека постојат и нови варијанти на ковид-19 во оваа земја. Не се исклучува можноста да постои и хрватски вид на коронавирус, информира вчера Крунослав Цапак, првиот човек на Хрватскиот завод за јавно здравје.
– Новина е тоа што во заводот е воведен скрининг-тест на новата варијанта.Тестиравме 17 примероци, од кои за десет имаме сомневање за нов вид на вирусот, а сите примероци ги упативме на потврдување во Инфективната клиника. Наскоро ќе знаеме дали тоа е британски вид или не. Лицето кај кое е пронајден овој примерок е тестирано кај нас. Можна е мутација, но не знаеме за која станува збор. Јас не би ја нарекол бразилска, можеби е тоа хрватски вид на коронавирус – рече Цапак, пренесува Индекс.

 

Поврзани содржини