Поради мутациите, Словенија стравува од трет бран на коронавирусот

Тестирањето е важно, тестирани се повеќе луѓе, откриени се повеќе позитивни и голем број од инфицираните се во изолација, што го намали преносот на вирусот меѓу населението - појасни Крек.

211

Мутациите на коронавирусот, првпат откриени во Велика Британија и ЈАР се широко присутни во Словенија и е можно да надвладеат, па затоа може да се очекува и трет бран на епидемијата, изјави денеска директорот на словенечкиот Институт за јавно здравје Милан Крек.

Тој на прес-конференција рече дека моменталната инциденца од 551 заразено лице на 100.000 жители е добар показател и дека епидемијата полека се забавува, меѓутоа, седумдневната и 14-дневната инциденца предупредуваат дека нешто се случува кај населението, пренесува ТВ Словенија.






Како што објасни, веројатно имало стагнација по драстичниот пад, што се случува и во соседните земји.

– Тестирањето е важно, тестирани се повеќе луѓе, откриени се повеќе позитивни и голем број од инфицираните се во изолација, што го намали преносот на вирусот меѓу населението – појасни Крек.

Кога станува збор за вакцинацијата, Крек рече дека Словенија е најдобра меѓу соседните земји во тој поглед, бидејќи до 14 февруари околу 70.000 примиле по една, а 48.000 лица ги примиле двете дози на вакцината.

Како што рече, оние кои имаат над 80 години имаат приоритет во вакцинирањето, а следната недела треба да се вакцинира и последната личност над 80 години, иако, како што истакна, постојано пристигнуваат апликации од лица над 80 години за вакцинација.

Поврзани содржини