Италија се наоѓа во деликатна фаза на пандемијата, расте бројот на заразени од новите видови коронавирус

Во Италија, од пет заразени, еден е инфициран со британската мутација на коронавирусот.

458

Епидемиолошката состојба во Италија е стабилна, но може да биде пауза пред новиот побрз раст на ширење на ковид-19, изјави претседателот на Високиот институт за здравство, Силвио Брусаферо, на редовна прес-конференција.

За еден ден починале 316 пациенти болни од ковид-19, а со тестирањето на повеќе од 300.000 луѓе откриени се речиси 14.000 новозаразени.






– Се наоѓаме во многу деликатна фаза на пандемијата, неопходно е да се одржи високо ниво на анти-ковид мерки. Она што најмногу нè загрижува е брзото ширење на бразилската, англиската и јужноафриканската мутација на вирусот. Ако масовната вакцинација не се спроведе брзо, новите мутации коронавирусот може да ја намалат ефикасноста на имунизацијата – рече Џани Реза, директор на одделот за превенција при Министерството за здравство.

Во Италија, од пет заразени, еден е инфициран со британската мутација на коронавирусот.

Последната анти-ковид мерка на Владата во оставка е продолжување на забраната за движење меѓу регионите до 25 февруари.

Поврзани содржини