Трамп се откажа од членството во АФТРА: Не сторивте ништо за мене!

310

Доналд Трамп се откажа од членството во Американска федерација на телевизиски и радиоуметници (АФТРА), којашто всушност, претходно и навести дека ќе го исфрли поради неговата „улога“ во упадот во Капитол.

„Повеќе не сакам да бидам поврзан со Вашиот синдикат. Пишувам за да Ве известам за моето неодложно заминување. Вие не сторивте ништо за мене“, наведува Трамп во писмото до Гејбриел Каретрис, претседател на здружението.






Одговорот на еснафот е краток: „Ви благодариме“.

Доналд Трамп е член на здружението од 1989 година.

Раководството на Федерацијата минатиот месец зазеде став дека Трамп ги прекршил принципите на членство со неговиот удел во упадот на Капитол на 6 јануари. Имено, тој „спроведе неразумна кампања за дезинформација насочена кон дискредитација и, на крај – загрозување на животот на новинари, од коишто многумина се и наши членови“, како што се вели во образложението.

Поврзани содржини