Познатата актерка лажела дека има сестра близначка за да биде со двајца мажи во исто време

477

Американската актерка Џенифер Кулиџ (59), остана запаметена по улогата на мајката на Стифлер во филмот „Американска пита“, а сега гостуваше во „Шоуто на Кели Кларксон“ и призна шокантни детали од нејзиниот живот.

Имено, Џенифер откри дека кога била помлада, во исто време била во врска со двајца мажи, поради што морала да смисли убедлива приказна.






Актерката во ова шоу раскажа дека ги запознала двајцата мажи на Хаваите, но не можела да се одлучи за едниот, па потоа измислила приказна дека има идентична близначка, за да може да излегува и со двајцата.

– Не сум сигурна дека би го сторила тоа сега, но тогаш тоа беше одлична одлука – рекла актерката, која излегувала со двајцата мажи во истовремено две недели.

„Сè може да ви се прогледа низ прсти кога сте помлади”, се пошегувала Џенифер.

Освен улогата на мајката на Стифлер, гледачите ја познаваат по улогата на Софи Качински во серијата „Девојки без пари“. Таа се појави и во комедијата „Легална русокоса“, како и во спот на Аријана Гранде.

Сепак, улогата по која сите ја препознаваат во „Американска пита“ не ја добила случајно. Актерката веќе се прослави како првокласен комичар, а повеќето холивудски хитови не можеа да поминат без нејзината улога.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини