Маричиќ: Случајот „Јавна соба“ ќе ја подигне јавната свест за овој проблем

200

 

Случајот „Јавна соба“ ќе биде катализатор, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво, напиша на својот фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.

– Сите сме длабоко вознемирени од случајот „Јавна соба“ кој го потресе цело наше општество. Пред сѐ како човек изразувам поддршка на жртвите кои поминале и сѐ уште поминуваат низ тежок период. Ги охрабрувам да бидат гласни и укажувам дека може да сметаат на нас, и дека заедно ќе се бориме против вакво зло – вели Маричиќ.

Овој случај ќе биде катализатор, како што вели министерот, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво.

– Министерството за правда ги изработи измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува значително поголема заштита на жртвите, како оние од „Јавна соба“. Измените се во согласност со Истанбулската конвенција и опфаќаат широк спектар на случаи кога жртви на сексуално, психичко и физичко насилство се жените. Никој не треба да го премолчува насилството! Да не стравуваме, да бидеме гласни и заедно да се избориме против насилниците – напиша министерот Маричиќ на Фејсбук.

Поврзани содржини