Претседателот на Танзанија одбива вакцина и вели дека Бог штити од ковид

Вакцините не се добри. Ако беа такви, тогаш белецот ќе направеше вакцина за ХИВ/СИДА - рече Магуфули во говор во западниот дел на земјата.

280

Претседателот на Танзанија Џон Магуфули денеска изјави дека на неговата земја не и треба карантин затоа што Господ ги штити жителите од коронавирусот и оти домашните „лекови“ како што е вдишување водена пареа, се поефикасни од вакцините.

– Вакцините не се добри. Ако беа такви, тогаш белецот ќе направеше вакцина за ХИВ/СИДА – рече Магуфули во говор во западниот дел на земјата.






Во Танзанија, земја со околу 58 милиони жители, од почетокот на пандемијата официјално имало 509 лица заразени со коронавирусот, и 21 смртен случај.

Соседна Кенија, која има 47,6 милиони жители, имаше 100.000 заразени и 1,7 илјади мртви.

– Ние Танзанците не се заклучивме и не очекуваме да го сториме тоа. Не мислам дека некој ќе прогласи општ карантин затоа што нашиот Бог е жив и тој ќе продолжи да нè штити – рече Магуфули на свечено отворање на нова фарма во неговиот роден град во областа Чато.

– Исто така, ние ќе продолжиме да преземаме превентивни мерки, вклучително и вдишување пареа. Вдишувајте додека се молите на Бога, молете сè додека одгледувате пченка, компир, за да можете да јадете добро и коронавирусот да не може да влезе во вашето тело. Многумина ќе ве исплашат, мои Танзанци, но мора цврсто да истраете – додаде тој.

Поврзани содржини