Две скопјанки нападнати од кучиња-скитници, повреден пешак во Кичево

320

КЛУЧ НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ – На 23.01.2021 во 21.50 часот при контрола во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба констатирано е дека истиот работи по дозволеното време и во него се затекнати шест лица кои се лишени од слобода. Од МВР денеска соопштија дека објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат, а ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.

МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 24.01.2021 во 02.40 часот на подрачје на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ц.(27) од скопското село Долно Коњари, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






КУЧЕТО КАСА – На 23.01.2021 во 16.40 часот во СВР Скопје, Д.М.В.(52) од Скопје пријавила дека на кејот на река Вардар кај место викано „Јурија“ биле касната од куче скитник.

НАПАДНАТА ОД КУЧЕ – На 23.01.2021 во 17,00 часот во Полициска станица Драчево, С.Т.(81) од Скопје пријавила дека на ул.Робеспјерова била касната од куче скитник.

ПОВРЕДЕН ПЕШАК – На 23.01.2021 во 21,50 часот во Кичево, на ул.„11-ти Октомври“, патничко моторно возило „фиат мареа“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.К. (54) од с.Другово, Кичевско, удрило во А.М.(61) од с.Шутово, Кичевско. По незгодата А.М. е пренесен во Медицински центар-Кичево каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Кичево.

ДЕЛ ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 24.01.2021 ГОДИНА

Поврзани содржини