Од недела Италија во портокалова зона поради ковид-19

330

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца денеска треба да потпише указ со кој поголемиот дел од државата ќе се најде во портокаловата зона на ризик од инфекција со вирусот ковид-19, а полицискиот час од 22 до 5 часот наутро останува во сила.

Во црвената зона ќе биде Ломбардија, регионот најпогоден од првиот бран на вирусот, Сицилија и провинцијата Болзано.






Тие правила ќе стапат на сила в недела, а одлуката на Сперанца се заснова на најновите податоци на Министерството и Институтот за јавно здравје. Новата регулатива предвидува и забрана за патување меѓу региони, освен од деловни и здравствени причини, како и неопходни ситуации, а забраната ќе остане на сила до 15 февруари.

Зонскиот систем значи дека во најризичната, црвена зона, сите ресторани и барови ќе бидат затворени, освен оние што доставуваат храна, а сите продавници што продаваат непрехранбени производи ќе бидат затворени.

Во портокаловата зона, која се смета за зона со среден ризик, продавниците можат да работат, но баровите и рестораните се затворени.

Во умерената, жолта зона, баровите и рестораните можат да бидат отворени до 18:00 часот по локално

Поврзани содржини