Џенифер Лопез се соблече гола во своето ново видео и речиси ништо не сокри! (ВИДЕО)
Во новото контроверзно видео ја гледаме познатата пејачка потполно гола со ангелски крилја, а нејзините најинтимни места по телото се изложени на очите на милиони луѓе ширум светот.
Латино дивата Џенифер Лопез отиде чекор понапред и ги изненади сите со својот нов потег.
Имено, пејачката сними нов спот за песната „In The Morning“, а во него се појавува како да е од мајка родена.
Во новото контроверзно видео ја гледаме познатата пејачка потполно гола со ангелски крилја, а нејзините најинтимни места по телото се изложени на очите на милиони луѓе ширум светот.
Во моментите кога станува збор за одблизу, згодната 51-годишна жена успева да ги покрие градите, брадавиците и половиот орган со вешто замислени пози, но сепак сè е многу провокативно и шокантно.
На видеото покажа и како би изгледала русокоса, а за време на целата нејзина кариера немавме можност да ја видиме со платинеста боја на косата.
Инаку, Џеј Ло сподели краток инсерт од спотот на својот профил на Инстаграм, објаснувајќи ја неговата симболика и пораката што ја носи.
– Јас сум толку возбудена што пред вас имам видео запис за оваа песна. Полн е со симболика за мрачна, еднострана врска и сознание дека не можете да смените никого … Вие само можете да се промените! Раширете ги крилјата и оддалечете се од било кого или од било што, кој навистина не цени се што имате да понудите – напиша таа.
View this post on Instagram