Додека власта лицемерно им доставува казни на нивните функционери од по 20 евра, граѓаните за еден собир на бадникарски оган ќе плаќаат казни од по 2.000 евра, реагира денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.
– Лудилото на оваа криминална власт му нема крај. Неуставно пред три дена беа уапсени граѓани во селото Орман кои присуствувале на традиционален бадникарски оган, а наредниот ден Оливер Спасовски удри и по граѓаните на општина Брвеница. Спасовски уапси 15 граѓани и едно свештено лице заради организирање собир во црква во Брвеница. Функционерите можат да слават роденден во државна институција без никакво почитување на мерките и протоколите и пет дена да се истражува случајот и на крајот да се казнат со само 20 евра, ама затоа граѓаните веднаш се апсат, носат во полициска станица и плаќаат казна од 2.000 евра. За лудилото уште да биде поголемо, за прославата во Министерството за политички систем поголемиот дел од казната ќе ја платат граѓаните. Имено, со по 500 евра ќе биде казнето одговорното лице, а со 2.000 евра ќе биде казнета институцијата. Токму оваа казна од 2.000 евра ќе ја платат граѓаните во име на Министерството за политички систем – рече Стојаноски.
Тој предупреди дека Владата на Заев ги заплашува обичните граѓани и бесрамно покажува дека едно важи за обичниот човек, а сосема други правила важат за власта.
– ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните кои изминативе денови противуставно и насилно беа приведени им нуди бесплатна правна помош, но и на сите останати вакви слични случаи во кои власта на Заев противуставно ги крши слободите и правата на обичниот граѓанин. Оваа насилна власт на Заев сѐ повеќе го губи тлото под нозете, и сѐ повеќе и повеќе ќе удира по народот – додаде Стојаноски.