ХАОС ВО ВАШИНГТОН Демонстрантите упаднаа во зградата на Конгресот, полицијата употреби солзавец, Мајк Пенс евакуиран од објектот (ВИДЕО)
Блумберг јави дека полицијата употребила и солзавец за да ги растера демонстрантите.
Градоначалничката на американскиот главен град Вашингтон, Мјуриел Боусер, објави воведување полициски час во градот.
Полицискиот час стапува на сила во 18 часот по локално време.
Tаквиот потег е преземен откако демонстранти приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп упаднаа на Капитол во момент на седница на двата дома на Конгресот за верифицирање на изборниот резултати.
Блумберг јави дека полицијата употребила и солзавец за да ги растера демонстрантите.
Трамп на Твитер објави дека треба да и се даде поддршка на полицијата.
„Тие се на страна на државата. Останете мирни“, наведе Трамп на Твитер.
Си-Ен-Ен јави дека потпретседателот на САД, Мајк Пенс, е евакуиран од Конгресот на САД денеска откако поддржувачи на Трамп навлегоа во зградата и ја опкружија сенатската сала за заседанија, додека траеше постапката за сертификација на изборите.
Пенс претседаваше со постапката за сертификација на резултатите од изборите, која беше прекината, а од безбедносни причини на сенаторите им биле укажано да останат во салата.
BREAKING: Trump supporters have breached the Capitol building, tearing down 4 layers of security fencing and are attempting to occupy the building — fighting federal police who are overrun
This is the craziest thing I’ve ever seen in my life. Thousands, police can’t stop them pic.twitter.com/VVdTUwV5YN
— ELIJAH SCHAFFER (@ElijahSchaffer) January 6, 2021