Менекени го обвинија дизајнерот Александер Ванг дека ги дрогирал и силувал ФОТО

850

Славниот американски моден дизајнер Александер Ванг (37) се соочува со сериозни обвиненија за сексуален напад, откако неколку манекени на социјалните мрежи јавно кажале дека дизајнерот ги дрогирал, а потоа и сексуално ги искористил, пренесува „Дејли мејл“.

Неколку манекени го обвиниле њујоршкиот дизајнер дека е “сексуален предатор”, а некои рекле дека Ванг им ставил дрога во пијалакот и потоа сексуално ги искористил.






Александер Ванг станал познат и по своите забави на кои се собираат ѕвезди, уште од 2005-та година. Не одговорил на овие обвиненија.

Обвиенијата против Ванг станале вирални, откако биле споделени на Инстаграм од страна на здружението на модели:

„Александер Ванг е сексуален предатор, многу машки и транс модели јавно излегоа со обвиниенија за сексуално злоставување кое им го нанел Ванг. Важно е да им се покаже поддршка на овие жртви така што ќе престанете да го следите Ванг и ќе ја бојкотирате неговата линија на облека“, се наведува во текстот.

Во објавата има видео од еден машки модел кој тврди дека во 2017 година Ванг го допирал.

– Во еден момент го искористи моментот на метеж и ме допираше во пределот на препоните. Кога видов дека станува збор за него, едноставно замрзнав. Полека почнав да се повлекувам. Не можев да поверувам што прави – рекол манекенот.

Уште шест мажи се појавија со своите приказни за злоставување од страна на Александар Ванг.

Здружението на модели навело:

„Да бидеме јасни: Недостигот на транспарентност и одговорност во модната индустрија ги прави моделите ранливи и подложни на злоставување, без разлика на нивниот пол.“

Откако манекени го обвинија славниот дизајнер Александер Ванг за недолично однесување, портпаролот на неговата компанија одби да даде коментар.

Alexander Wang Photo by Ed Kavishe Fashion Wire Press.jpg

The watchdog group Sh* Model Management shared posts from accusers that went viral

FOTO:Instagram/Wikipedia

FOTO: https://www.pedestrian.tv

 

 

Поврзани содржини