Холивудската актерка Лори Лафлин завчера беше пуштена од затвор, откако ја отслужи казната за учество во незаконското потплатување на Универзитетот на Јужна Калифорнија во врска со школувањето на нејзините ќерки.
– Лори Лафлин е ослободена од Федералните поправни установи во Даблин, Калифорнија, на 28 декември 2020 година. Таа не е повеќе под надлежност на Бирото за затвори – изјави потпаролката на институцијата, Сели Сварт.
Дел од обвинението беше насочено и кон актерката од серијата „Очајни домаќинки“ – Фелисити Хофман, но таа своите две недели во затвор ги отслужи лани.