Вучиќ ѝ подава рака на Хрватска: Тука сме за финансиска и за техничка помош
Ние сме подготевени да обезбедиме секаков вид помош. Сакам Хрватска брзо да закрепне и брзо да ги обнови сите објекти - рече Вучиќ.
Србија е подготвена да ѝ помогне на Хрватска, и од технички и од финансиски аспект, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, додавајќи дека се надева оти земјотресот поминал со минимални жртви.
– Ние сме подготевени да обезбедиме секаков вид помош. Сакам Хрватска брзо да закрепне и брзо да ги обнови сите објекти – рече Вучиќ.
За потсетување, денеска силен земјотрес ја погоди Хрватска и направени се големи материјални штети во Петрања.