Јапонскиот „твитер убиец“ осуден на смртна казна

Такахиро Шираиши (30) познат како „Твитер убиец“ уапсен е во 2017 година откако полицијата трагајќи по 23-годишна девојка од Токио во неговиот стан пронашла делови од тела. За подоцна да се утврди дека и исчезнатата девојка е негова жртва.

334

Судот во Јапонија денеска го осуди на смртна казна мажот кој уби девет луѓе откако ги контактирал на социјалната мрежа Твитер.

Такахиро Шираиши (30) познат како „Твитер убиец“ уапсен е во 2017 година откако полицијата трагајќи по 23-годишна девојка од Токио во неговиот стан пронашла делови од тела. За подоцна да се утврди дека и исчезнатата девојка е негова жртва.






Тој призна дека убил осум млади жени и еден маж, кој ги запознал преку Твитер. Шираиши ги намамил жртвите во неговиот стан, кои претходно на социјалната мрежа пишувале за суицидални намери.

Поврзани содржини