Вакцина против ковид-19 од вторник достапна во Британија
Британија минатата среда итно ја одобри вакцината на компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“. Нарачани се околу 40 милиони дози, а бидејќи секому му се потребни по две, се претпоставува дека ќе бидат вакцинирани 20 од 67 милиони жители.
Велика Британија ќе биде прва земја чии граѓани ќе примат вакцина против ковид-19, а првите дози ќе бидат достапни од вторник, и тоа прво во болниците, а потоа и во останатите здравствени институции.
Вакцината први ќе ја примат лицата на возраст од над 80 години, здравствените работници, воспитачите и штитениците во домовите за стари и изнемоштени лица, соопшти Националната здравствена служба.
Британија минатата среда итно ја одобри вакцината на компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“. Нарачани се околу 40 милиони дози, а бидејќи секому му се потребни по две, се претпоставува дека ќе бидат вакцинирани 20 од 67 милиони жители.
Првата недела ќе бидат достапни околу 800.000 дози, а вакцините се веќе пристигнати од Белгија и се чуваат на безбедни локации каде се проверува нивниот квалитет, соопшти британското Министерство за здравство.