Филипче најави инвестиции во Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Штип, кои координирано и синхронизирано работат во пандемијата да им се излезе во пресрет на граѓаните на Штип и на целиот источен регион, кои се состојат од реновирање во инфраструктурата, во итната помош, и набавка на уште едно возило за итната помош во Штип, кое ќе пристигне идната недела.
– Се вработија многу луѓе, млади лекари преку проектот на платен стаж, што претставува загарантиран влез на секој млад доктор во здравствениот систем, со цел младите лекари иднината да ја бараат тука, а не да заминуваат во странство – истакна Филипче.