Видео кое го споделуваат сите и со ист опис: „Снимка која најдобро ја опишува 2020“
Она што е особено интересно е фактот дека описот остана речиси ист насекаде, иако снимките се преселија од континент на континент.
Кога на 31.12.2020 часовникот ќе означи полноќ, ретко кој во светот ќе жали за 2020 година. Повеќето долго време со нетрпение ја чекаа 2021 година, па дури и 2022 година на социјалните мрежи и сето тоа благодарение на пандемијата на коронарвирусот што го смени нормалниот тек на нашите животи.
На социјалните мрежи се прават шеги на нејзина сметка, а една од нив се здоби со доста голема популарност.
Луѓето ја искористија снимката на која се гледа како огнот зафаќа елка во трговски центар, па накратко напишаа над објавата во описот: „Снимка која најдобро ја опишува 2020 година“.
Она што е особено интересно е фактот дека описот остана речиси ист насекаде, иако снимките се преселија од континент на континент.
A burning Christmas tree with Jingle Bells playing in the background basically sums up the year 2020.pic.twitter.com/vx9Yr1H4pM
— Magatas #JoinAnakbayan (@cededream) December 1, 2020