ВМРО-ДПМНЕ од протестот побара: Да останеме на улица додека не замине Заев!
На сите им се јасни ставовите на Заев, Димитров, Бучковски. Тоа се луѓе кои за лични причини би продале се. Тоа се луѓе чии ставови се многу поблиски до ставовте на Каракачанов, Захариева, Борисов, рече Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот Игор Јанушев од протестот пред македонската Влада под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот!“ порача дека веќе неколку недели македонскиот народ е на улици во одбрана на Македонија од неправдите и зулумите кои му ги прави „криминалецот и патолошки лажго на власт Зоран Заев, кој наголемо ја распродава Македонија и македонските национални обележја’.
– Човекот кој што ја има окупирано фунцијата премиер е докажан криминаалец со судски постапки, аболициран, помилуван. Истиот тој човек распродава сè ,преговараат за Гоце, за државата, за сèшто е македонско. Ние, треба да се срамиме единствено од нив, од Заев, од Бучковски и тие околу него. Имаме двајца докажани криминалци, двајца осудени криминалци кои преговараат за се што е македонско, на кои што овде не им е местото – истакна Јанушев.
Јелена Жугиќ на денешниот протест „Оставка на Заев, слобода на народот“ кој се одржа пред Министерство за надворешни работи, рече дека за сè виновен е Зоран Заев.
– Кој си ти да уриваш, што ти си изградил за да уриваш каков изрод си ти, една дупка да отвориш и цела дупка паѓа. Наше е да го поправеме наследеното, не да менуваме, ги знам јас тие кои те натераа да го правиш ова и тие не доаѓаа да видат кои сме туку да покажат кои се тие. Се сеќавам кога се роди син ми, јас си помислив „Господе, ова дете нека го сочува овој наш свет дом“, ама не излезе така, не ни е Европа виновна, Европа може да зборува што сака ние не мора да и веруваме, верност немаме кон себе, не се сеќаваме на минатото, не се сеќаваме на иднината, а иднината е во наши раце – рече таа.
Жугиќ во своето обраќање укажа дека за историјата, културата и културното наследство нема компромис и потенцира дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик.
– Да ви кажам нешто и за Македонците, тие се трудољубив, образовани и снаодливи, тие не се тврдоглави ни вообразени и знаат за мерка во сè, за секоја тешкотија сакаат мирен и споразумен пат да најдат, умеат да чекаат и да гледаат. Доста се тие лаги и злоба. Не за компромиси со историјата, ние сме Македонци и говориме на македонски јазик. Македонскиот јазик, и култура и културното наследство имаат вековна традиција – додаде таа.
Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест пред Министерството за правда рече дека ние живееме во земја каде како Македонци треба да се објаснуваме со соседите дека сме Македонци, дека нашите предци говореле македонски, дека имаме сопствена автентична историја.
Ние сме едиствена земја во која оваа багра на Заев, заедно со Димитров, сега зајакнати со Бучковски ни се преговарачи со Бугарија. Може да замислете каков би бил исходот. На сите им се јасни ставовите на Заев, Димитров, Бучковски. Тоа се луѓе кои за лични причини би продале се. Тоа се луѓе чии ставови се многу поблиски до ставовте на Каракачанов, Захариева, Борисов – рече Пандов.
– Ве повикувам до паѓањето на оваа хунта, до паѓањето на Заев да не се повлекуваме од улиците. И на Заев му е јасно дека крајот му се ближи – кажа Пандов.