Пандев: Аутсајдери сме и немаме што да изгубиме

Се надевам дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши, дека публика ќе се врати и тогаш ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи.

333

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го нарече пласманот на Европското првенство „круна“ на неговата кариера и најави дека „црвено-жолтите“ со поддршка од трибините можат да ги изненадат фаворитите во групата.

– Првиот пласман на нашата репрезентација на едно големо натпреварување е круна на мојата кариера. Ми годат сите пофалби, пред сè бидејќи нашата репрезентација заврши голема работа – изјави Пандев во денешното интервју за „Mozzartsport“.






Македонскиот капитен оцени дека „црвено-жолтите“ ќе ја имаат улогата на аутсајдер на Европското првенство, но оти најважно е играчите да бидат здрави и публиката да се врати на стадионите.

– Пред сè, се надевам дека пандемијата (на коронавирусот) ќе заврши, дека публика ќе се врати и тогаш ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи. Реално, ние сме аутсајдери, но немаме што да изгубиме. Првите два натпревари, со Австрија и Украина, за нас ќе бидат најважни – оцени Пандев.

Првите два меча на Европското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули следната година, македонската фудбалска репрезентација треба да ги игра во Букурешт, а мечот од третото коло против Холандија во Амстердам.

Поврзани содржини