МВР предупредува: Внимавајте кога продавате автомобил, прво земете ги парите, а потоа потпишете на нотар

МВР презема засилени мерки за расчистување на пријавените измами, но апелираме до граѓаните да бидат внимателни да не склучуваат договори без да им бидат исплатени парите, наведено е во соопштението.

1,183

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека се зачестени кривичните дела измами при купопродажба на патнички моторни возила на територијата на Република Северна Македонија.

„При вршење на измамите, од страна на измамници се склучуваат нотарски договори без да бидат дадени пари на продавачот на возилото, притоа искористувајќи повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето. Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист. МВР презема засилени мерки за расчистување на пријавените измами, но апелираме до граѓаните да бидат внимателни да не склучуваат договори без да им бидат исплатени парите“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини