Металург ги одложи дуелите со Чеховски Медведи поради коронавирус

182

Двете пресметки меѓу Металург и Чеховски Медведи, закажани за идната недела, се откажани поради нови позитивни случаи на коронавирус во редовите на македонскиот претставник во ракометната Лига на Европа.

„Во нашите редови се дијагностицирани двајца позитивни на коронавирус. Поради тоа на клубот му е наложено да оди во изолација, бидејќи е можно и други ракометари да развијат симптоми“, соопшти вечерва Металург.






Ракометарите и стручниот штаб на скопскиот прволигаш ќе останат во изолација до 16 декември, поради што Металург нема да ги одигра средбите со Чеховски Медведи во Лига Европа на 8 и на 11 декември, а ќе бидат одложени и нивните натпревари во македонската Суперлига.

Поврзани содржини