Караџовска: Драги безобразни новинари, за разлика од вас, некој нема време да живее раат – директорот на ИЈЗ веднаш ја повика на разговор

За разлика од сите вас што си излегувате по кафани, слави, шетања и журкања низ државава и сл, некој нема време да си живее на раат како вас, во време на корона пандемија, бидејќи работи одговорна работа. Срамота е да се коментира такво нешто, напиша Елена Караџоска, вработена во ИЈЗ.

1,065

Читам наслови уште од синоќа од типот: Зошто вчеравечер доцнеше статистиката за ковид-19? Да ви се одговори, драги безобразни новинари: Бидејќи системот е оптоварен, вработените остануваат ноќе до касно да бројат рачно и да внесуваат податоци, за потоа истите податоци да се испратат до релевантни структури за проверка и споделување, напиша на Фејсбук,  Елена Караџовска, ќерката на епидемиологот Жарко Караџовски.






Таа е веб администратор во ИЈЗ и вели дека од март месец по 24 часа чека мејлови со податоци за да ја сработи својата службената работа.

„МЗ, ДСЗИ и ИЈЗ работат во служба на граѓаните, дури и до полноќ. Јас можам конкретно за ИЈЗ да кажам, бидејќи јас ја објавувам таа статистика и тотално се нервирам кога ќе прочитам дека сме биле неработници, манипулатори и сл. карактеристики., бидејќи јас знам како е од март навака да висиш 24/7 онлајн и да чекаш мејлови со податоци за да ја сработиш службената работа, без да имаш викенд, празник, и кога си дома, и дење и ноќе и постојано да шеташ со лаптопот некаде. И моите колеги знаат како е да не се прибереш дома со семејството, бидејќи бројат пријави и внесуваат податоци или работат во лабораторија. За разлика од сите вас што си излегувате по кафани, слави, шетања и журкања низ државава и сл, некој нема време да си живее на раат како вас, во време на корона пандемија, бидејќи работи одговорна работа. Срамота е да се коментира такво нешто“, напиша Караџоска.

ИЈЗ отсекогаш била институција, потенцира Караџоска, која споделува податоци во врска со некоја состојба или настан.

„Вие работите, односно имате тема за статија зашто некој Ви дава податоци, иначе ќе си пишувате за дневно-политички настани. Не сакам да ми се споделува статусот, поентата е да се прочита и да се пренесе дека не е сè така како што вие известувате, бидејќи излегува дека народот го подбуцнувате да се распалува од какви и да е вести и во јавноста да се креира лоша слика за наведените институции“, пишува Караџовска.

Директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети, се огради од нејзината изјава. Вели дека уште денеска Караџовска ќе биде повикана на разговор, објави Сител.

И од Министерството за здравство се оградуваат од статусот на Караџовска.

– Министерството за здравство ја поддржува работата на новинарите и медиумските работници и во нив гледа партнер во борбата со ковид кризата. Како институција остануваме отворени за навремено, транспарентно и точно информирање на јавноста, како и отворени за соработка со медиумите и медиумските работници. Министерството се оградува од приватните ставови изнесени на приватни профили на социјални мрежи, на вработени во здравствениот сектор – велат од Министерството за здравство за Сител.

Поврзани содржини